„Ковачевски, Груби и останатите функционери од оваа неспособна власт треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Настрада македонскиот јазик

„За оваа прослава се потрошија над 100 илјади евра за пејачи и гоштевање на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза. Додека во Тетово нема вода за пиење, додека десетици села во полошкиот крај газат во кал, додека во Арачиново абер нема од ветената канализација, криминалците од ДУИ и СДСМ трошат пари на граѓаните за партиски забави“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ден, без скандал на криминалната и тендерашка власт на СДСМ и ДУИ. Потребни се брзи парламентарни избори за да се стави крај на ова неодговорно владеење, додаваат од опозициската партија.