Откако сите пратеници на опозицијата побараа збор во расправата за законот со кој требаше да им се продолжи мандатот околу 60 судии и 10 обвинители од утре 1 јули одат во пензија.
Ва сценарио произлегува по решението на спикерот на Собранието, Талат Џафери вчерс само што почна, да ја прекине седницата на којашто требаше да бидат изгласани измените на Законот за работи односи, којшто предизвика бројни инциденти во Собранието.
Предлогот на власта предвидува на овие судии и јавни обвинители кои исполниле години за пензија да им се продолжи мандатот за да се надмине недостатокот на овој кадар до завршувањето на следната генерација.
Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за нејзиното продолжение.
Со тоа станува невизможно до крајниот рок денеска да мине законот затоа што за збор кај собранискиот спикер се пријавија 40 пратеници, кои се пријавија и за реплики на излагањето на пратеникот на Левица, Димитар Апасиев кој исто така е против носењето на овој закон.
Денеска на дневен ред е интерпелацијата поднесена за спикерот, Талат Џафери, но и таа да се одложи, шансите да поминат измените се сведени на минимум.
Опозицијата која смета дека со законот власта сака да продолжи мандат на ,,свои судии” кои ќе судат по диктат на СДСМ и ДУИ со ова докажа дека бојкотот на собранието е грешка затоа што без опозицијата власта лесно ќе го минеше законот.
Измените кои ги предложи министерството за труд и социјална политика предизвикаа низа инциденти на комисиските расправи во Собрание.
Првиот беше на Комисијата за европски прашања, кога претседателот на Комисијата, Арер Адеми фрлаше со филџани и шишиња кон пратеници, а потоа иницидентите продолжија и на другите Комисии.
Власта смета дека со овие измени кои се носат со просто мнозинство ќе се овозможи да нема дупка во судско-обвинителскиот кадар додека заврши другата генерација на судии и јавни обвинители.