Во шизофрен манир СДСМ постојано демек бара да не ја вмешуваат во состојбата во ВМРО-ДПМНЕ а секој ден објавува соопштенија за Мицкоски во кои кажува што мисли за судирот со Груевски.

Логично е дека ако не сака да биде дел од судирот Мицкоски – Груевски СДСМ да стои настрана и да не коментира но се случува нешто сосема друго.


Во шизофрен стил каде едно порачува а друго прави СДСМ секој ден објавува соопштенија каде се обидува да каже што се случува во ВМРО-ДПМНЕ.

,,Расколот, внатрешните проблеми, со еден збор распадот на ДПМНЕ не е заради вредности туку заради суети и големо внатрешно незадоволство.

Мицкоски да не ја меша СДСМ во меѓусебните пресметки и сам да си ги решава кавгите.

Серијата препукувања, обвинувања и дворски игри во Белата палата покажуваат колку се длабоки внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ.

Факт е дека Христијан Мицкоски е бледа копија на Никола Груевски. И неговата политика на блокада на европскиот пат е исто така само копија на оригиналот, вели СДСМ во своето најново соопштение во кое иако
Мицкоски во неколку наврати јасно кажа дека е против а пратениците гласаа против измените на кривичниот законик обвинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,,со денови не одговара за барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија”.