СДК: Тетовската болница 11 години има В.Д. директор!?

Д-р Флорин Бесими, 11 години е вршител на должноста директор на Тетовската болница, открива порталот СакамДаКажам.

Два дена по пожарот, 10 септември, в.д. директорот на Фејсбук објави дека си поднел оставка.

Од Министерството за здравство велат дека Бесими уште ја нема доставено оставката.

„Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство…

Последен пат за в. д. директор д-р Бесими е именуван во мај годинава…Бесими, кој е гинеколог во болницата, првпат е именуван за в. д. директор во декември 2010 година…“ објави СДК.