СДК: Се корне зеленилото од булеварите кај Автокоманда и пред судовите

Шумарскиот факултет во Скопје го повикува Град Скопје да го спречи уништувањето на веќе оформен зелен појас од булеварите Александар Македонски и Гоце Делчев.

Од понеделникот, екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ го отстрануваат зеленилото и грмушките засадени во средишните жардинери на булеварот на влезот во Скопје во населбата Автокоманда и пред судовите. На негово место, ќе се засадат нови квалитетни дрвја, велат од „Паркови и зеленило за порталот СакамДаКажам.

Професор Кирил Сотировски, декан на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), за СДК вели:

„Нема потреба од уништување на веќе етаблирано зеленило за да се заменат само неколку суви садници. Слична е состојбата со денешната акција на замена околу раскрсницата во близина на влезот кон кампусот на УКИМ и зградата на МРТВ. На прсти се бројат исушените садници на двата потега“, вели Сотировски, кој е фитопатолог од Катедрата за заштита на шумите и дрвото.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека се отстранува зеленило кое е суво и дотраено, со цел да се засадат нови дрвца и садници, многу поквалитетни кои ќе му дадат нов лик на влезот на Скопје…