СДК: На ЈСП му недостигаат стотина возачи – објави оглас

ЈСП „Скопје“ Објавен е и оглас за вработување на возачи во ЈСП, но не е познато колку кандидатите со минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, бара Јавното сообраќајно претпријатие, објави пордалот Сакам да кажам.

Од синдикатот на ЈСП велат дека потребно е вработување на возачи бидејќи голем дел се заминати да работат во странство.

„Денеска од колегите дознав дека е објавен оглас. Не знаеме колку лица ќе се вработуваат, но потребни се најмалку 100 возачи.

Пред ковид-19 пандемијата околу 70 возачи заминаа во Малта, Германија и други европски држави за подобри плати. Сега има некои најави дека ќе има нов бран на заминувања од претпријатието во странски фирми кои нудат подобри услови“, вели Миќо Стојановски претседател на синдикатот на ЈСП при Сојузот на синдикати на Македонија за СДК.