Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети го крие Деталниот урбанистички план (ДУП) за езерото Треска и не кажува што е предвидено да се гради таму, пишува порталот СакамДаКажам.



По негов налог, со механизација на општинското јавно претпријатие се уриваат објектите на езерото, се бара камперите да го напуштат комплексот, но не се кажува што ќе се прави со некогашниот симбол на Скопје.

Деталниот урбанистички план за Треска е донесен кон крајот на мината година, но никој од јавноста не го видел.

ПОВЕЌЕ