СДК: Митко Чавков добил коронавирус во КПД Штип

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор е позитивен на ковид-19.

Покрај него уште пет осудени лица и тројца вработени се заразени, изјавија од СДК од КПД Штип.

Чавков најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд.

Чавков издржува казна од 16 години, осуден за настаните 27 април.