СДК: И химната ли ќе ни ја бројат како говор на омраза?

На нас, „антиевропејците“, „хистерични“ и „самонаречени експерти“, што сме многу глупави и не можеме да ја сфатиме историската димензија на потпишаниот протокол со Бугарија во преговарачката рамка за пристапни преговори со ЕУ, власта ни ја дупна главата со „идентитетот – бетон, јазикот – бетон“, „чист македонски јазик“, „јазикот ни го признава цела Европа“, „македонскиот ќе грми во Европа“, македонскиот одекна во Брисел“… И – грмна јазикот. Со неписмено напишана еднострана изјава во записникот по состанокот во Брисел, наспроти едностраната изјава на Бугарија дека македонскиот јазик не постои.

Ова е дел од најновата колумна на Горан Мијалковски од ,,Сакам да кажам” (СДК) кој во анализата за однесувањето на владата за јазикот и Бугарија за идентитетот поставува основана дилема дали и споменувањето на Гоце Делчев, Питу Гули и Даме Груев во химната може да се смета за говор на омраза од Македонците кон Бугарите.

Целата колумна овде