Австрија се нуди да посредува во решавањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Ова денеска го кажа австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер, по средбата со вицепремиерот Никола Димитров во Скопје.

Вицепремиерот Никола Димитров кажа дека време е замјава да ги почне пристапни преговори и дека вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, бидејќи ние сме земја кандидат 16 годиним,пренесува СДК.МК..

„Нас во јуни 2018 година ни рекоа го цртаме патот да почнете преговори во јуни 2019 година. Во јуни 2019 година ни рекоа, сепак ќе одлучиме во октомври 2019, а во октомври 2019 година ни рекоа, не можеме сега да донесеме одлука. Одлуката се донесе во март 2020 година, меѓутоа уште не може да биде спроведена. Затоа сум сè поискрен и сè поотворен и мислам дека вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, ние сме земја кандидат 16 години, а во нивото на усогласеност сме апсолутно во слична, а во определени области и во подобра кондиција со државите кои веќе многу години се во пристапниот процес“, кажа Димитров.

Министерка Едштадлер смета дека ќе се направи голема грешка ако поради билатерални конфликти и нерешени прашања од историјата, Македонија не ги започне преговорите со Европската унија, јавува СДК.мк..

Според неа, Македонија и Албанија  не треба да се разделат во пристапниот процес со ЕУ.