21 икона и црковни артефакти украдени пред 9 години од црквите во селата Радожда, Буринец и Селце, до крајот на годинава ќе бидат вратени, дознава порталот СакамДаКажам.

Тие биле пронајде во Тирана во 2013 и оттогаш се чувале на безбедно во два музеја во Тирана.

„Тие сѐ уште не се вратени, но процесот е во една финална фаза. Иконите кои пред скоро десет години се најдени во Албанија, ги идентификувавме и тој процес на реституција и правно веќе е регулиран и затворен. Се надевам дека до крајот на годината тие 21 икона ќе ги вратиме во Македонија“, вели Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ, за СДК.

Македонија започна и втора постапка за враќање на 40 украдени икони од земјава кои албанската полиција во април годинава ги заплени во Тирана.