Англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт на прес-конференцијата по пристигнувањето во Скопје искажа комплименти за Македонија пред утрешниот реванш од квалификациите за Европското првенстрво 2024 во Германија, иако во првиот меѓусебен дуел во Манчестер славеа со 7:0.
„Играме со тим кој, иако не може да се квалификува, има огромна гордост, ранет од она што се случи во Манчестер. Мораме да бидеме подготвени за навистина добра атмосфера. Полно публика, полн стадион. Имавме календарска година во која бевме многу добри, па сакаме добро да завршиме“, изјави тој пред новинарите на Националната арена „Тодор Проески“.
За некогашниот дефанзивец на Гордиот Албион, денес 53-годишен, приоритет во последниот настап на гостински терен пред ЕП ќе биде играта, посебно по бледата партија во победата од 2:0 над Малта во петокот на „Вембли“, иако неговата селекција ќе биде ослабена.
„Изведбата е приоритет. Поставивме стандард. Не го достигнавме тој стандард во петокот. Мора да се вратиме на она во што сме добри“, објасни шефот на Стручниот штаб на Англичаните, кој за возвратната средба со „црвено-жолтите“ не може да смета на Белингам, Трипие, Стерлинг, Боувен, Колвил.