Професионалната фудбалска лига на Саудиска Арабија со спонзориран пост бара македонските фанови на Езгјан Алиоски да гласаат за играчот што од оваа сезона игра за Ал Ахли од Ријад.

“Гласајте за вашиот омилен играч во Саудиската лига, Езгјан Алиоски, сега!”, пишува во дел од пораката од постот.

Разбирливо херојот на македонскиот фудбал, популарниот Џани би добил многу гласови од Македонија доколку главната пораката до Македонците не беше напишана на туѓ јазик:”Гласувай за мен”.

Саудијците ги повикуваат Македонците да гласање за Џани на бугарски јазик што предизвика револт на социјалните мрежи.

Поради почит кон Алиоски голем број луѓе и покрај провокацијата од Саудиската фудбалска лига гласаат за Џани но многумина не сакаат да гласаат се додека поканата не биде напишана на македонски наместо на бугарски јазик.