Еден од главните апологети на Заев и СДСМ заедно со Бранко Тричковски и Жарко Јордановски денеска се жали дека бил жртва на луѓето кои ја придружуваат кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска.
Ивановски објавува видео од кое се гледа дека на прес конференција Ивановски ја навредува Арсовска и имплицира дека е неуспешна но таа сепак му одговара на неколку негови навредливи прашања.
Откако ја злоупотребува прес конференцијата и сам поставува повеќе прашања кои се многу слични на реториката во тактиката што ја користи СДСМ за напади врз Арсовска, Ивановски сепак се жали дека немал шанса да постави прашања.
Во обидот на Ивановски да ја стигне Арсовска откако таа ја завршува прес конференцијата се гледа дека една придружничка на Арсовска му вели дека ќе може да постави повеќе прашања во друга прилика.
Ивановски се жали дека случајот ќе ги пријави во МВР и ЗНМ.