Сапун за секое дете: Во Општина Центар ги учат децата да мијат раце

Во Општина Центар во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од 21-ви декември, во основните училишта се реализираат обуки за наставниот кадар и техничкиот персонал за важноста за правилното миење раце, како и за разните начини за дезинфекција.

Обуките се во насока на спречување на ширење на сите лесно преносливи вируси, вклучително и коронавирусот, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат дадени се конкретни насоки на наставниците за поинтензивна работа со учениците на оваа тема, клучна за превенција и зачувуввање на нивното здравје, пренесуваат медиуми.

Во општината ќе бидат поставени и постери во основните училишта на кои сликовито ќе бидат прикажани чекорите за одржување на личната хигиената.

Нема информации дали оваа современа хигиенска метода се користи и во други училишта, но и пошироко во јавноста во 21 век.