Ограничувањето на цените и ембаргото на Европската унија за поголемиот дел од руската нафта ги намалија приходите на Москва од фосилните горива.

Но, Кремљ сè уште заработува значителни пари за финансирање на војната во Украина бидејќи лимитот од 60 долари за барел беше „премногу мек“, велат аналитичарите.

Ограничувањата на Г-7 и забраната на ЕУ ја чини Русија околу 160 милиони евра (171,9 милиони американски долари) дневно, соопшти Хелсинкискиот Центар за истражување на енергија и чист воздух во студијата за првите недели од санкциите, кои стапија на сила на 5 декември.

Но, бројките покажуваат дека Русија сè уште зема 640 милиони евра дневно од фосилни горива, што е помалку од 1 милијарда евра дневно споредено со периодот март до мај 2022 година, веднаш откако ја нападна Украина на 24 февруари.

Русија би изгубила дополнителни 120 милиони дневно почнувајќи од 5 февруари, доколку ЕУ го забрани увозот нанафтени деривати како што е дизел горивото за кое Русија е главен снабдувач.

Со тоа до февруари заработката на Москва би се намалила на 520 милиони евра дневно.