Саниран дефектот – состојбата со водоснабдувањето нормализирана

Саниран е дефектот на водоводна цевка на кејот „Димитар Влахов“ во непосредна близина на Младинскиот културен центар, поради кој вчера поголем дел од централното градско подрачје остана без вода.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопштија дека од утрово во 03:50 состојбата со водоснабдувањето во овој дел од градот е нормализирана.

Пукната голема водоводна цевка Ф -600, од вчера во 08:50 часот, ги остави без вода корисниците на дел од населбите Крњево, Керамидница, Трговскиот центар „Ист Гејт“, булеварот „Александар Македонски“ до бензинската пумпа „Лук Оил“, Пожарната, а намален притисок имаа и населбите Маџари и Хиподром.