Во видеото објавено од СДСМ во чест на 31 годишниот роденден доминира актуелниот лидер кој на чело на партијата е неколку месеци.

Актуелниот претседател и премиер Ковачевски го има во вкупно 14 кадри на видеото кое ја прикажува партијата од своето формирање во 1991 година.

Втор доминантен лик во видеото е Зоран Заев со 9 кадри од него.

Првиот претседател Киро Глигоров е присутен во четири кадри колку и лидерот со најдолг стаж Бранко Црвенковски.

На три места во видеото може да се види Радмила Шеќеринска а само една фотографија без видео има и од екс лидерот и премиер Владо Бучковски.

Според бројот на кадри во видеото актуелниот лидер Ковачевски имал поголема улога во партијата за целото постоење на СДСМ од Глигоров, Црвенковски, Шеќеринска и Бучковски заедно.