Тргна ли економијата без сопирачки во удолница и покрај сите прогнози од економските ресори дека сме одлични – за „петка”. Нема изгледа свежи пари, нема инвестиции… Затоа ли со сите сили се турка новата давачка за граѓаните – еколошката такса на горивата? Од тука ли ќе се дополнува кусокот во буџетот, вака ли ќе се обезбедуваат средства за нови тендери?
Овие прашања ги поставува Никола Тасев во својата редовна колумна за Плусинфо.
“Инаку, во многу држави постојат разни еколошки давачки, кои обично ги плаќаат тие што загадуваат. Кај нас треба да плаќаат загадените. Во другите држави постои и јасен план од каде се собираат средствата, план на што ќе се трошат, а има и јавен отчет колку е потрошено и колкав ефект по заштитата на животната средина има со конкретен проект. Во Македонија постои само план од каде ќе се соберат парите, во овој случај од граѓаните, а за тоа каде ќе се трошат, планот е: „ќе видиме”.
Да се разбереме, не е спорна потребата од инвестирање во екологијата, но спорно е како ќе се соберат потребните средства и како ќе се трошат. Зошто Владата не штедеше на непродуктивни трошења и така ќе добиеше потребни средства? Скапиот мебел, многуте удобни лимузини, шведските маси, патувањата… сега не можат да помогнат во екологијата? Е не можат, ама народот се тоа ќе плати, нели?”, пишува Тасев.
Целата колумна на Плусинфо