Инфлацијата паѓа, ама само на хартија, на терен речиси и да нема производ што не е поскапен. И додека државата тврди дека инфлацијата се намалува, се најавуваат нови цени на производите, а граѓаните се во прашалници како да го закрпат овој период со и онака ниските примања. Вртоглавиот раст на цените се должи на тоа што земјава нема доволно домашно производство, велат економските експерти. Според професорот Абил Бауш, цените уште ќе одат на горе, ако државата не воспостави реална, а не козметичка стратегија. Ако нема мерки сега и веднаш, цените ќе одат само на горе, и никогаш нема да се вратат како до пред неколку години.

  • Увезуваме зеленчук од соседството, главно од Албанија, па и од секаде, и таму веќе е покачена цената, и кога ќе дојде кај нас тој по аутоматизам е поскап, па затоа се продава поскапо, зошто? Затоа што немаме доволно домашно поизводство. Немаме стратегија, немаме ништо, а немаме ни луѓе кои треба да работат, мора да има државата капацитет за тоа, е не само да се фалат дека инфлацијата паѓа. Да, таа се намалувам ама што добиле граѓаните? Ништо, поготово ранливата категорија граѓани. Мора да има решение на долг рок, вели меѓу друото за Алфа, економистот Абил Бауш.

И професорот Синиша Наумоски вели дека мерки се потребни сега и веднаш, за ублажување на ценовниот шок. Според него, економската слика во земјава воопшто не е добра и дека е потребна поголема координација меѓу државните институции, со монетарната власт.

И додека власта седи со скрстени раце и само немо посматра, високите цени удираат по џебот на граѓаните, коие се оставени на милост и немилост без никакви мерки за колку толку да се ублажи ценовниот шок. Во продолжение целото видео од економските експерти.