Само голема трговија со Еврозоната може да го спаси датумот за Македонија

Единственото сценарио кое дава надеж дека Македонија во петок може да добие датум за преговори е Германија да попушти за француските барања поврзани со драматични промени во Еврозоната.

Извор во ЕУ за порталот Еуроактив
@EURACTIV тврди дека Франција би можела да ја промени својата тврда позиција на самитот на ЕУ што почнува утре под еден услов.

Единствениот начин Македонија да добие датум според изворот е да се случи хипотетичкото сценарио со огромна трговија меѓу Меркел и Макрон во која Германија би прифатила сериозно да ги разгледа француските идеи за реформа на Еврозоната.

Во досегашните консултации на оваа тема Германија и неколку други земји членки беа против француските предлози за промени во Еврозоната по терк на Макрон.