Само една Македонка меѓу предлагачите на законот за културно наследство за Бехтел – Енка

Законот за измена на законот за културно наследство со кој меѓу другото инжињери ќе можат да решаваат за археолошки наоѓалишта на трасата каде што ќе поминува коридорот 8 што ќе го гради фирмата Бехтел Енка, е толку лош што СДСМ за него можел да обезбеди само една пратеничка Македонка како предлагач.

Меѓу предлагачите на контроверзниот закон за измени на законот за културно наследство за Бехтел – Енка е само една Македонка Даниела Николова, пратеничка од Аеродром.

Предлагачи на Законот за измени на законот за заштита на културното наследство се:
Арбер Адеми, Арбен Зибери, Арта Билали Зендели, Бајрам Кадрија, Берат Ајдари, Рина Ајдари (сите од ДУИ), Даниела Николова и Љатифе Шиковска (од СДСМ), и Халил Снопче од Алијанса на албанците.

Ниту еден од нив нема никаква врска со културно наследство или археологија.

Контроверзниот закон со кој може да се уништат вредни историски артефакти е дел од легислативата со кои Бехтел Енка ќе добијат услови за работа кои се спротивни на 9 важни закони и уставот на Македонија.

Бехтел Енка храната на автопатот ја доби во четири очи без тендер и без ниту еден готов проект.

Рамковно државата треба да плати најмалку 1,3 милијарда евра плус 300 милиони за плаќање на приватно земјиште.