Само една лабораторија во Македонија за проверка на вода има најсовремена опрема

Во спонзориран пост на Скопското јавно претпријатие за поставување на нови хибридни дигестори во лабораториите на Водовод – Скопје всушност се открива дека е единствената институција која се за убава со ваков вид софистицирана опрема.

“Лабораториите на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, чија работа е акредитирана според ИСО 17025, се единствените лаборатории од овој тип во државата и располагаат со најсовремената и најсофистицирана опрема.
✅Со цел зголемување на безбедноста при изведување на работните процеси во хемиските лаборатории на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје се вградија нови хибридни дигестори кои се предуслов за безбедно лабораториско работење.

👉„Хибридните дигестори се едни од основните заштитни уреди на секоја лабораторија и се oсновен предуслов за работа во неа. Целта на дигесторите е да обезбедат заштита на аналитичарот, заштита од вдишување на штетните гасови и значително да го намалат ризикот од пожар и експлозија, заштита на експериментот и заштита на животната средина. Дигесторите овозможуваат безбедни услови за работа и максимална заштита на вработените“ – објаснува Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола во постот кој е платен за да биде објавен на социјалните мрежи.

Петровска додава дека во дигесторите кои се од италијанскиот производител Chem Fast со хибридна техника, се е безбедно итегрирано и нема присуство на не-филтрирани гасови. Кај хибридните дигестори функционалноста е комбинација од традиционалното и модерното одведување на гасови со филтрирање.

„Инвестициите се движат во насока на зголемување на ефикасноста и ефективноста на работните процеси, но и заштита на вработените, која е на прво место. Придобивките од инсталацијата на овој тип на дигестори се и во рамки на енергетската ефикасност, но и заштита на животната средина имајќи го предвид фактот дека истите имаат и систем за енергетска заштеда, со што се обезедува до 80% помала потрошувачка на енергија од класичните типови на дигестори. ChemFast дигесторите имаат и посебни филтри преку кои се филитрира и најмалото количество на издувен гас пред да се испушти во воздухот. Ваков тип на дигестор, освен во хемиските лаборатории, е поставен и во Пречистелната станица за отпадни води – Волково“, посочува во платената објава на Фејсбук Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и еден од главните кандидати на СДСМ за градоначалник на општина Карпош на локалните избори.

Спонзорираниот пост на ЈП Водовод

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3500022940100621&id=258230334279914