Само еден политичар не го премолче денот на смртта на Мисирков

Само еден македонски политичар денеска се сети на човекот без чие дело немаше да постои македонска нација и идентитет.

Ниту еден член на државно владиниот врв не го одбележа денеска на социјалните мрежи денот на смртта на великанот Крсте Петков Мисирков.

За кодификаторот на македонскиот јазик великиот Мисирков денеска ниту збор не потрошија премиерот Заев, претседателот Пендаровски, министерката за култура Ирена Стефоска ниту некој од вицепремиерите или министрите.

Молкот за Мисирков од страна на македонските власти се случува во период кога Бугарија отворено се бори против идеите на Мисирков за посебна македонска нација, јазик и идентитет.

Единствен кој денеска на денот на упокојот на великанот се заблагодари на делото на авторот на “За македонцките работи” и личност на 20 век за Македонците е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој на социјалните мрежи напиша:

“Мисирков ни остави значајно оружје во културното опстојување на нашиот народ, земја и јазик. Од сите нас зависи каков однос ќе имаме спрема грамадните дела на нашите предци и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца”.

Д-р Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија е роден на 18 ноември 1874 – Софија починал на 26 јули 1926 година.

Мисирков е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.