Јас сум одамна во ЕУ и НАТО амбиентот што не важи за сите мои противкандидати, кажа кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова во интервју за ТЕРА.

„Јас сум од 90 тите години во најпознатите европски научни меѓународни институции. Но прашањето е друго. Да, човек треба да разговара, да преговара, да се договара, но самите договори не ве носат ни во ЕУ ни во НАТО“, вели во интервјуто Силјановска- Давкова.