Само да не е „уште една балканска измама“, вели Рама по средбата Вучиќ-Курти

„Да се надеваме дека ѓаволот не е во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште една балканска измама!- го коментираше албанскиот премиер Еди Рама усогласувањето на Анекс договорот за нормализација на меѓусебните односи на Србија и Косово во Охрид, со посредство на ЕУ.

„Во спротивно, ова би било историско достигнување што би ја навестило долгоочекуваната пролет во односите меѓу двата најголеми балкански народи. И, искрено да им честитаме на четворицата протагонисти на охридската трпеза, посакувајќи наскоро договорот да се претвори во нова неповратна реалност меѓу Косово и Србија, Албанците и Србите, Западен Балкан и Европската унија“, напиша Рама на Твитер.