Само 6 % од македонските граѓани имаат позитивно мислење за СДСМ покажува анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Глас.
Анкетата покажа дека за владината партија СДСМ 24% од испитаниците рекле дека имаат многу негативно мислење, а само 6 % од нив рекле дека имаат многу позитивно мислење за партијата на Ковачевски. 8% од македонците се со позитивно мислење за СДСМ, а само 1% од Албанците се со позитивно мислење за партијата на Ковачевски.
Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.
Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.
Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.
Маргина на грешка +-2,5%.
Целата анкета на овој линк