„Статистика дали сте нормални, по вас само умирале Роми, не се раѓале, брука невидена 30 посто не се попишани, директор тебе лично јас ти се јавуваш дека не биле попишувачи во многу градови, еве што се случи, Срамота“.

Ова е реакција на Самка Ибраимовски, претседател на политичката партија ПЦЕР, на резултатите од пописот според кој Ромите во Македонија се само 2,34 отсто од вкупно попишаното население.