Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Лидерите на Европската унија денеска во Тирана денеска ќе учествуваат на Самиитот со првите луѓе на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија).

Состанокот е значаен поради една причина: ова е првпат самит ЕУ-Западен Балкан да се одржува надвор од ЕУ.

Една од темите ќе биде разгледување на опцијата за намалување на цените на роаминг услугите меѓу ЕУ и земјите од регионот за што се очекува и потпишување декларација.

На земјите од Западен Балкан ќе им биде претставен акциски план за миграција, а во фокусот ќе бидат и последиците од војната во Украина и надминување на енергетската криза. Политичката порака, како што велат европски дипломати, ќе биде јасна европска перспектива и повик за забрзување на проширувањето.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во „последен моменрт“ најави дека сепак ќе дојде во Тирана.

Овој формат игра важна улога во обидот на ЕУ да го задржи руското влијание надвор од регионот.

За таа цел, Брисел објави пакет за енергетска поддршка за земјите од Западен Балкан во вредност од 1 милијарда долари минатиот месец.

На овој самит најверојатно ќе бидат преземени дополнителни чекори за ублажување на влијанието на руската војна врз регионот, особено врз енергетиката и безбедноста на храната, како што се заложбите на ЕУ за солидарност кон регионот и дополнителното финансирање.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ, исто така, веројатно ќе се залагаат за понатамошни мерки на владите во регионот за ограничување на миграцијата, бидејќи Балканот стана главна миграциска рута кон ЕУ, со над 280.000 премини без документи регистрирани оваа година.

Околу 1.300 полицајци ќе се погрижат за безбедноста на учесниците на самитот во Тирана.