Македонскиот музички двоец кој се крие зад проектот Lifeboath adrift ја издаде својата прва песна и веднаш стана интересен за публиката која сака лирика од стариот добар рок тип, со силни но ненаметливи психолошки пораки, скриени значења, животни филозофии и дефиниции за нашето битисување.

Песната ќе биде интересна за сите што сакаат длабински да размислуваат за начинот на кој се живее животот во Македонија но и во многу други делови на светот.

Во пораките од првата песна на Lifeboath adrift со наслов Alone in the crowd (Сам во метежот) ќе се препознаат многумина кои растргнати меѓу обврските, семејството, амбициите, можностите, предизвиците, искушенијата и реалноста се обидува да бидат или барем да делуваат нормални во средината каде делуваат.

Двоецот Антон Наумовски и Љупчо Вангелски своите музички погледи на светот во кој живееме ги искажуваат со сензибилитет кој содржи македонска нишка но наликува и на Лу Рид а стиховите (Љ. Вангелски) кои се на англиски јазик одлично го одразуваат силното влијание на модерниот западен начин на борба со општествените стеги но и на македонскиот социјален и културен контекст.