„Предвремените парламентарни избори во екот на светската економска и енергетска криза и во еден политички моментум околу интегративните процеси би биле фатална грешка за демократската иднина на земјата.“ – вели за „Пресонлајн.мк“ поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Енвер Салихи, коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на предвремени парламентарни избори во пролетта 2023 година.
„Пресонлајн.мк“ пишува: „Речиси стана навика изборите да се одржуваат пред одредениот рок од 4 години. Тоа има негативни карактеристики во демократскиот систем. Новиот изборен процес ќе чини околу 5 милиони евра, пари на граѓаните. Сите параметри се против предвремен изборен процес.’ – смета Салихи.“
„Според него, Владата ќе постигне поголема стабилност со Алијансата за Албанците, која е истакната партија и која е за ЕУ и САД. Ова е потребниот момент Владата на **** Македонија да добие долговечност и стабилност. Влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата речиси сигурно ќе значи одбегнување на предвремените избори.“
„Останува да го почекаме вклучувањето на на Алијансата за Албанците и продолжувањето на оваа Влада како континуитет на сите задачи преземени, за да го продолжиме нашето европско патување. Промената на политичката констелација не би го променила проевропскиот курс, но би претставувала загуба на драгоцено време за етаблирање и би предизвикала ќорсокак.’ – нагласи Салихи.“