Салата или катастрофа – Жената на Ковачевски купува поевтин квадрат државна земја од кило домати

На голем број граѓани не им влегува во главата дека поубавата половина на премиерот Ковачевски, бизнисменката Елена, со потпис на Артан Груби може да купи државно земјиште за 70 денари а народот да плаќа повеќе за кило патлиџани.

За деканката на Музичката академија во Скопје Дарија Андовска оваа ситуација може да се нарече салата.

,,Килограм домати – 95 денари.
За сите, богати и сиромашни.
Метар квадратен државно земјиште – 70 денари.
Само за сопругата на Таче. Салата”, пишува Дарија Андовска за налудничавата состојба во која се наоѓа Македонија во која Елена Ковачевска се снаоѓа многу добро.