,,Сакате Груевски да се врати” не било закана туку ветување од СДСМ

“Да не сакате Груевски да се врати”. Ова да не ти било заплашување туку ветување или во превод, второ исполнето за шест години, после укинатата радиодифузна такса…

Ова е коментарот на новинарот Горан Теменугов кој ја анализира фразата “Да не сакате Груевски да се врати” со која СДСМ ги плашеше граѓаните во моментите кога јавноста ја напаѓаше власта на СДСМ и ДУИ.

Според последните измени на Кривичниот законик и предлог законот за амнестија со кои Груевски може да остане без ниеден кривичен процес фразата која СДСМ ја користеше како закана излезе дека всушност можела да биде и ветување затоа што сите законски промени кои му одговараат на Груевски и по кои тој може да се врати назад, се направени од СДСМ и ДУИ.