Во обид да ги оправда членовите на македонските национални тимови кои не ја пејат македонската химна лидерот на политичката партија ПОЕН која е дел од коалицијата на СДСМ, Рубин Земон направи нов гаф.

,,Чудно, ниту еден шпански фудбалер не е пееше химна! Изгледа слаби патриоти…”, пишува Земон без да знае дека шпанската химна воопшто нема текст и затоа никој никогаш не ја пее.

Земон кој беше пратеник и советник на Заев за мултикултурализам е познат во јавноста по своите контроверзни ставови кои ги објавува на социјалните мрежи.

Тој неодамна во тежок дипломатски гаф како дел од власта ја нарече актуелната влада на Италија фашистичка а предходно македонската спортска икона Стојанче Стоилов го нарече ментално неспособен.