Македонија, Црна Гора и Бугарија, како суверени држави, донесоа суверени одлуки за нивниот воздушен простор, е ставот на американскиот Стејт департментот за недавањето прелет од овие три земји за авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на прес-конференција рече дека одлуките ја одразуваат решеноста на Европа да ја повика Русија на одговорност за нејзината неоправдана инвазија на Украина.

Запрашан како САД и НАТО ќе ги заштитат Црна Гора, Бугарија и Македонија, тој рече дека сите три земји се членки на НАТО.

„И посветеноста на членот 5 во однос на сите три земји е обврзувачка“, посочи Прајс.