САД: За 24 часа 35.900 нови случаи на Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД се приближи до рекордно ниво, со повеќе од 35.900 случаи пријавени во последните 24 часа.

Со тоа, бројот на случаи во земјата достигна скоро 2,4 милиони.

Во последните 24 часа од корона починале 756 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 121.932 лица.