На свечено отворање на реновираната Клиниката за гастроентерохепатологија, што беше финансирана од САД, амбасадоркатга Ангела Агелар вчера рече дека проектот во вредност од 400.000 долари претставува уште еден пример за долгогодишните обврски што САД ги порезема да ѝ помогнеме на Македонија во градењето квалитет и доверба во институциите.

„Целиот кат на Клиниката е целосно реновиран и значително го подобри не само нејзиниот капацитет туку и нивото на услуга што им се дава на тие кои доаѓаат тука. Како што реков, САД преку Европската команда на САД донираа 400.000 долари за реновирање и ова е само уште еден пример за долгогодишните обврски што ги преземавме да и помогнеме на Северна Македонија во градењето квалитет и доверба во институциите.

Ова е само последниот придонес, бидејќи во последните 10 години преку Европската команда и нашата Канцеларија за одбрана и соработка обезбедивме повеќе од 13,5 милиони долари за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на оваа земја“, рече Агелер.