САД во исто време погодени од снежни виулици и топлотен бран

Силна зимска бура предизвика големи нарушувања во САД, додека југоисточните делови на земјата се подготвуваат за рекордно високи температури.

Од вчера, околу 75 милиони луѓе во 28 држави се предупредени за метеоролошка тревога, јавува Би-Би-Си.

Снежните виулици во Дакота, Минесота и Висконсин принудија многу училишта и бизниси да затворат.

Во исто време се предвидува дека делови од источниот дел на САД да доживеат рекордно високи температури.

Метеоролозите предвидуваат силни налети на ветер чија брзина ќе достигне 80 km/h, додека поради студениот ветер во некои делови на САД температурите би можеле да паднат и до -45 Целзиусови степени.

Во северните држави, прогнозите за половина метар снег во некои делови може да значат дека областите ќе ги издржат најобилните снежни врнежи во последните 30 години.