САД сепак му дадоа виза на Лавров да патува на ГС на ОН во Њујорк

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и членови на руската делегација добија визи за учество на Генералното собрание на Обединетите нации, јави денеска руската новинска агенција, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи.

Русија со недели ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради одбивањето на визите на членовите на руската делегација за учество на 77. сесија на Генералното собрание на ОН, што почнува денеска во Њујорк.


„Денеска му беа издадени визи на Лавров и на одреден број луѓе кои ќе го придружуваат“, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи.

Москва ги обвини САД дека се обидуваат да го блокираат целосното учество на Русија во Генералното собрание и за „прекршување на своите обврски“ со тоа што не и дадоа визи на целата руска делегација.