САД се повлече од блокадата на Северен Поток 2, нема проблем за рускиот гас во Европа

Се очекува САД и Германија во наредните денови да објават договор за решавање на нивниот долгогодишен спор за рускиот гасовод „Северен поток 2“ вреден 11 милијарди долари, соопштија извори запознати со ова прашање во понеделникот, пренесуваат светските агенции.

Претседателот Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел не успеаја да ги надминат разликите околу подводниот гасовод кога се состанаа минатата недела, но се согласија дека на Москва не смее да се дозволи да користи енергија како оружје против своите соседи.

Како што објавува Ројтерс договорот паднал по дискусиите меѓу американските и германските власти за загриженоста на САД дека гасоводот, кој е 98% готов, ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас и може да и ги одземе на Украина транзитните такси што сега ги собира на гасот пумпан постоечки гасовод.

Со договори ќе се избегне продолжување на моментално поништените санкции на САД против „Северен поток 2 АГ“, компанијата што стои зад гасоводот и нејзиниот извршен директор.

Нема детали за договорот но изворите тврдат дека тој ќе вклучува обврски од двете страни за да се осигурат зголемени инвестиции во енергетскиот сектор на Украина за да се надоместат сите негативни последици од новиот гасовод, што ќе донесе гас од Арктикот во Германија под Балтичкото Море.

Администрацијата на Бајден во мај донесе одлука дека „Северен поток 2 АГ“ и неговиот извршен директор теба да бидат предмет на санкции но Бајден се откажа од санкциите за да се остави време да се постигне договор и да се продолжи со обновување на врските со Германија, кои беа значително нарушени за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, јавува Ројтерс.