САД се откажаа од испраќање бродови во Црното Море!?

САД се откажаа од распоредување на два воени брода во Црното Море, во услови на тензии меѓу Украина и Русија, објавија турските власти и медиуми, пренесува France 24

Турски дипломатски извори соопштија дека првиот воен брод не поминал низ Босфор во средата како што беше планирано.

Според државната новинска агенција Анадолија, која се повикува на други турски официјални лица, распоредувањето на бродови закажано за денес и утре е откажано, а Анкара не била информирана за можен нов датум.

Американските воени бродови требаше да поминат преку Босфор од Средоземното Море на 14 и 15 април и да влезат во Црното Море.