Вооружен маж уби четири лица и рани тројца, вклучително и еден полицаец, во понеделникот пред полицијата да го убие осомничениот, соопштија властите, пренесува Ројтерс.
Напаѓачот, кој не е јавно идентификуван, најпрво застрелал две жени и ранил еден маж во близина на центарот на Денвер.
Според полицијата осомничениот двапати разменил оган од своето возило со полицајците од Денвер кои го бркале, но тој успеа да убие уште еднолице и да рани друго.
Потоа повторно пукал кон полицајците, ранијќи еден од нив, пред полицијата да го убие, изјави Ромеро за новинарите.
