Бројот на бездомници во САД би можел да се зголеми за 45 проценти, како резултат на економските последици предизвикани од пандемијата на коронавирус.
Научниците од универзитетот Колумбија покажуваат дека пандемијата предизвикала загуба на работни места кај неколку милиони луѓе, што ќе доведе до зголемување на бројот на оние што ќе останат на улиците, пишува Ал Џезира.
Според официјалните податоци од јануари 2019 година, во Соединетите држави имало околу 568.000 бездомници, а дека поради економските последици од КОВИД-19, годинава може да се додадат уште 250.000 лица.
Најмногу бездфомници, околу 150.000 луѓе има во Калифорнија, а меѓу градовите води Њујорк со околу 70.000.