САД побараа екстрадиција на Џулијан Асанж

САД  поднесоа официјалното барање до Обединетото Кралство за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж..

Асанж беше уапсен во април во амбасадата на Еквадор во Лондон, а САД имаа рок околу 65 дена – или до средината на јуни  – да испратат целосни документи за екстрадиција.


Обвинителите првично го обвини Асанж за еднократен компјутерски напад, но минатиот месец додаде 17 нови точки, вклучително и контроверзни обвиненија според Актот за шпионажа за поттикнување, примање и објавување на доверливи национални информации за одбраната, заедно со поранешниот аналитичар на разузнавачката служба на армијата, Челзи Менинг.

Асанж беше баран од Шведска каде беше осомничен за силување, нешто што Асанж го одрекува и вели дека намерата била со екстридарењето од Велика Британија во Шведска, тој да биде предаден на САД каде му се закануваат над 150 години затворска казна.