Јазот помеѓу платите на извршните директори во американските компании и просечната заработка на вработените се зголеми во 2020 година, и покрај пандемијата COVID-19 и напорите да се намали тој јаз.

Минатата година просечната плата на директорите на компаниите беше 299 пати поголема од просечната плата на работниците, пренесуват медиуми.

Надоместоците за работата на извршните директори во 2020 година заедно со бонусите во просек изнесуваа 15,5 милиони долари.

Во исто време, просечен работник во производството лани заработувал 43.512 долари.