САД отфрлаат вмешаност во гласањето за уставни промени

Американскиот Стејт департментот им сугерира на оние кои сакаат да истражуваат како македонските пратеници ја донеле одлуката да гласаат за уставните промени, тоа да го сторат во консултација со пратениците наместо со користење на руско деинформирање и пропаганда.

„Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на гласање во Парламентот се неразумни и лажни. САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент да ги започне уставните промени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа со Грција.

САД веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за промоција на стабилност, безбедност и просперитет во целиот регион“, изјавил портпарол на Стејт департментот на брифинг во Вашингтон на прашање на грчки новинар“, пренесува МИА од Атина повикувајќи се на грчката АНА-МПА.