Две компании, Upside Foods и Good Meat, соопштија дека добиле конечно одобрение од американското Министерство за земјоделство за продажба на месо одгледано во лабораторија, што го отвора патот за првата продажба на производот во земјата.

Таканареченото култивирано месо, се добива од примерок од клетки од животни кои потоа се хранат и одгледуваат во челични контејнери.

Управата за храна и лекови (ФДА) веќе утврдила дека храната е безбедна за консумирање.

Со ова одобрение, САД ќе станат втората земја, по Сингапур, која ќе дозволи продажба на култивирано месо.

„Ова е остварување на сонот“, изјави извршниот директор на Upside, Ума Валети за Ројтерс. „Тоа означува нова ера“.

Овие две компании кои произведуваат култивирано пилешко, планираат своите производи да ги служат прво во врвни ресторани.

Но, тие не ја одредуваат точната временска рамка кога нивните производи ќе се најдат на чиниите.

Компаниите за одгледување месо се надеваат дека нивните производи ќе бидат атрактивна алтернатива за оние кои јадат месо кои бараат поеколошки и похумана опција кои можеби не се задоволни со вегетаријанските производи достапни на пазарот.

Американското Министерство за земјоделство ги објасни чекорите вклучени во производството на лабораториски месо „без потреба од колење животни“.

Најпрво се земаат клеточни примероци од животинско ткиво, а по проверката се одгледуваат за да се создаде клеточна банка за подоцнежна употреба. Овој процес генерално „не го повредува или убива животното“.

Клетките потоа се складираат во контролирана средина – како што се затворени контејнери – каде хранливите материи и другите фактори ги поттикнуваат да се размножуваат.

Откако клетките ќе пораснат до милијарди или илјадници милијарди, во контролираната средина се додаваат повеќе фактори кои им овозможуваат на клетките да се разликуваат во типови и „да ги преземат карактеристиките на мускулните, масните или клетките на сврзното ткиво“.

Откако клетките ќе ги добијат посакуваните карактеристики, тие можат да се обработат и пакуваат како конвенционалната храна.