Белата куќа ги отфрли обвинувањата дека САД профитираат од драстично зголемените цени на течниот природен гас (LNG) што го доставуваат во Европа.

Политико: Еропа ја обвинува Америка дека профитира од војната во Украина

Претставник на американската администрација синоќа изјави дека тврдењето е лажно и дека Вашингтон и доставува ЛНГ на Европа за да ѝ помогне да се подготви за зимата.

Имено, најголемиот дел од ЛНГ од САД се испорачува со долгорочни договори со странски трговски компании, а меѓу нив има и неколку европски компании кои потоа го препродаваат гасот на европските потрошувачи, појасни тој.

По прекинот на снабдување со руски гас како одговор на западните санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, течниот гас LNG е една од алтернативите. Засега, повеќето европски земји добиваат ЛНГ од САД.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек неодамна ги обвини земјите извознички на ЛНГ дека ги зголемуваат цените на течниот природен гас поради енергетската криза.