Соединетите Држави, кои ѝ дадоа на Украина огромна помош во форма на оружје и друга воена опрема за борба против руската инвазија, постојано велат дека не ги поддржуваат нападите во Русија.

Соединетите Држави не поттикнуваат или овозможуваат напади во Русија, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, откако руските власти соопштија дека собориле беспилотни летала што се ја нападнале Москва рано денеска.

Украина мора да одлучи како ќе избере да се брани од руска инвазија, рече портпаролот на Стејт департментот.

Но, германската шефица на германската дипломатија со поинаков став:

„Украина има законско право да ја брани својата земја и својот народ“, изјави министерка за надворешни работи Аналена Бербок, одговарајќи на новинарско прашање за нападите со украински беспилотни летала на руска територија.

Бербок додаде дека Русија постојано бомбардира цивилни цели во Украина: амбари, болници, цркви. „Украина се брани во рамките на меѓународното право“, цитира Дер Стандард.