САД: Можат ли републиканците да преземат контрола врз Конгресот

Републиканците се приближија до обезбедувањето мнозинство во Претставничкиот дом на САД рано во четвртокот, додека контролата на Сенатот виси на конец, оценува Ројтерс.

Досега тие освоија најмалку 210 места во Конгресот, осум помалку од 218-те потребни за да добијат мнозинство што ќе им овозможи ефикасно да ја запрат законодавната агенда на претседателот Џо Бајден.

Додека републиканците остануваат фаворити, има 33 места сè уште неопределени покажува анализата на Ројтерс, што веројатно значи дека конечниот резултат нема да биде познат некое време.

Судбината на Сенатот останува уште понеизвесна. Секоја партија би можела да ја преземе контролата доколку победи на трките во Невада и Аризона, каде пребројувањето на гласачките ливчиња продолжува…

Дури и кревкото мнозинство во Претставничкиот дом ќе им овозможи на републиканците да го обликуваат остатокот од мандатот на Бајден, блокирајќи ги приоритетите како што се правата за абортус и започнувајќи истраги за администрацијата и неговото семејство.

Бајден ја призна таа реалност во средата, велејќи дека е подготвен да работи со републиканците.

Ако го преземат Сенатот, тоа ќе им даде моќ на републиканците да ги блокираат кандидатите на Бајден за судски и административни функции.

Историски гледано, владејачката партија претрпе големи загуби на првите пост-претседателски среднорочни избори, а Бајден се бореше со низок рејтинг. Но, демократите успеаја да го избегнат понижувачкиот пораз што го очекуваа републиканците.